Борче Даскаловски е нов шеф на стручниот штаб на Пелистер

76

Борче Даскаловски е новиот тренер на кошаркарскиот тим на Пелистер. Клубот од Битола ја потврди едногодишната соработка, која што секако е важечка за претстојната сезона.

Тој беше член на стручниот штаб на машката сениорска репрезентација на Македонија во претквалификациите за СП 2027, претходно беше дел од А-тимот и додека селектор беше Јорданчо Давитков. Даскаловски воедно со години е и Професор по кошарка на Факултетот за Физичко Образованио, Спорт и Здравје.

Даскаловски своевремено имаше и успешна играчка кариера, во која една година мина токму во дресот на Пелистер (2006//07). Потоа тој ги направи првите чекори и како тренер, најпрвин во Вардар, а потоа и во Карпош Соколи, тим што го предводеше во европските купови. Извесен период беше и дел од стручниот штаб во Астана, додека прв тренер на овој клуб во ВТБ-лигата беше Емил Рајковиќ. Негов последен тренерски ангажман беше како предводник на Кожув каде се задржа неколку месеци.

ПретходноФФМ објави: Белгија – Македонија за 25 евра
СледноПолувреме: Без голови во Кавадарци, Башкими со водство против Тиквеш!