Вирц: Во Премиерлигата мора многу да се трча, а и немаш простор за многу игра

50
фото: Liverpool FC (X)

Во интервју за германските медиуми, новата ѕвезда на Ливерпул, Флоријан Вирц, ги откри разликите меѓу англиската Премиер лига и германската Бундеслига. Вирц дојде во Ливерпул ова лето и се уште се обидува да се привикне на условите за игра на Островот.

„Не можам да кажам дека ова се сосема различни видови фудбал, тука во Англија. играат иста игра. Но, тука дефинитивно има поголем акцент на физиката и мора да трчате повеќе. Противниците се секогаш блиску, едноставно немате простор за игра. Но, се навикнав и на тоа. И во Бундеслигата моите противници ми обрнуваа посебно внимание“, вели Вирц.

ПретходноБулатовиќ: Имаме сериозен потенцијал, ќе го покажеме квалитетот и против Шкупи
СледноЈагуриновски се повреди, го чека подолга пауза