Грција со тројцата браќа Адетокумбо оди на Евробаскетот 2025

47

Грција синоќа го потврди списокот на кошаркари со кои ќе настапи на претстојниот Евробаскет. 20-годишниот центар Вангелис Зугрис стана последниот кошаркар кој отпадна од списокот, откако беше одигран последниот пријателски меч со Франција.

Суперѕвездата на Милвоки, Јанис Адетокумбо ќе го предводи грчкиот тим на турнирот, а во тимот ќе бидат и неговите двајца браќа, Костас и Танасис.

Во комплетниот состав од 12 кошаркари се најдоа:

Костас Слукас, Димитриос Кацивелис, Василис Толиопулос, Тајлер Дорси, Џанулис Ларензакис, Костас Папаниколау, Панајотис Калаицакис, Јанис Адетокумбо, Танасис Адетокумбо, Костас Адетокумбо, Александрос Самосто.

ПретходноКуртинаитис го одбра тимот на Литванија за ЕП 2025
СледноСедница на Управен одбор на ФФM: Дополнителни 100.000 евра за екипите од ПМФЛ