Ненад Димитријевиќ тргна со својот нов тим, со Зенит од Санкт Петербург. Откако мина една сезона во Милано, каде што не беше задоволен, тој се врати во средината каде што ги имаше своите најдобри игри, но сега во Зенит.
Македонскиот кошаркар веќе одработи неколку тренинзи, а за клупскиот сајт на Зенит го даде и своето прво мини и интервју од како стартуваа подготовмите:
“Драго ми е што конечно сум тука, за да ја започнам предсезоната, да ги запознаам сите што е можно побрзо и да ја започнам сезоната. Разговарав со некои момци. Возбудени сме, мислам дека ќе биде добра сезона пред нас, а разговарав и со тренерот. Како што реков, возбуден сум што ја започнувам сезоната. Само сакам да се вратам на мојата игра, да уживам во играта како што знам да играм и се надевам дека ќе можам да му помогнам на тимот да победи на толку многу натпревари“ изјави македонскиот репрезентативец.