Добра вест за Арсенал: По седум месеци, Габриел Жезус повторно е на тренинг

22

Напаѓачот на Арсенал, Габриел Жезус, се врати на тренинзите по долго отсуство.

Тој е надвор од терените од јануари откако ги скина вкрстените лигаменти на натпреварот од ФА Купот против Манчестер Јунајтед.

Жезус вчера сподели видео од тренинг-теренот на Арсенал.

„Поминаа седум болни месеци, неизвесност и вознемиреност. Конечно се чувствувам добро денес, како дете кое повторно игра фудбал“, напиша Бразилецот.

Ова се добри вести за Арсенал, бидејќи Каи Хаверц е на листата на повредени, а постои неизвесност околу Мартин Одегард и Букајо Сака, кои беа повредени во победата од 5-0 над Лидс.

ПретходноПолувреме: Без голови во Кавадарци, Башкими со водство против Тиквеш!
СледноБашкими покажува сила, Тиквеш падна во Куманово