Илиески: Можевме и подобро во првите две кола, но гледаме само напред

91

Екипата на Тиквеш денеска во Куманово против Башкими ќе го одигра третиот дуел од овогодинешниот ПМФЛ шампионат. Кавадарчани го стартуваа истиот со еден освоен бод од два дуела против Работнички односно Вардар на домашен терен. Тоа значи дека денеска избраниците на Ѓорѓи Мојсов за прв пат ќе се испробаат на гостински терен.

„На стартот на шампионатот мислам дека можевме многу подобро. Испуштивме бодови во првите две кола и можеме да жалиме поради тоа. Сепак, не сум тип кој што премногу ќе размислува за она што поминало. Имаме квалитетен тим, што може да конкурира за горните места на табелата. Денес не очекува многу тежок натпревар со квалитетен противник, но убеден сум дека се е во наши раце. Имавме и повеќе од доволно време да се подготвиме за овој меч, знаеме што не очекува. Сепак, убеден сум дека можеме да дојдеме до победа и со три бода да се вратиме од Куманово“ – изјави Дарко Илиески.

Дуелот во Куманово Башкими – Тиквеш стартува од 17:00 часот.

ПретходноДРЖАВНА ЛОТАРИЈА – ВО ПОДДРШКА НА КУЛТУРАТА И ОШТЕСТВЕНИОТ РАЗВОЈ
СледноШуку: Нашата цел е да излеземе на теренот и да ги освоиме трите бода