Интер покажа сила на стартот на сезоната!

20
ФОТО: FC Inter Milan/FB

Интер успеа со 5:0 и тоа повеќе од убедливо да го победи Торино. Дебито на тренерот Кристијан Киву на клупата на актуелниот европски шампион во Серија А, мина во одлична игра на гигантот од Милано, и со “петарда“ во гостинската мрежа.

Се започна со голот на Бастони во 18.минута. Маркус Тирам во 36.минута погоди за 2:0, резултат со кој се замина на пауза.

Во второто полувреме фановите на Интер имаа што да видат, многу шанси и уште три гола во мрежата на Торино.

Веќе во 52.минута во листата на стрелците се запиша и Лаутаро Мартинез, за да потоа Тирам со својот втор погок зголеми на 4:0.

Крај на маките на Торино стави Бони во 72.минута за конечни 5:0.

ПретходноОфицијално: Башкими го претстави Аворнио! (ФОТО)
СледноЛудило: Има само 16 години, ама со гол во 90+10.минута успеа да му донесе победа на Ливерпул на “Сент Џејмс Парк“!