Рио Енгумоа, кој за некој ден треба да наполни 17 години, вечно ќе го памети вечерашниот меч на “Сент Џејмс Парк“. Се играше 90+10.минута, резултатот беше 2:2 кога успеа да постигне убав гол за победа од 2:3. Во петок ќе го прослави својот 17-ти роденден, и има што да слави.
Ете затоа Премиерлигата е супер интересна и не се знае ништо се до последната секунда. однапред. Вечерва на “Сент Џејмс Парк“ домапшниот Њукасл и Ливерпул одиграа фантастичен меч кој на крајот заврши со резултат 2:3.
И од се по малку имаше на овој меч. Водство на Ливерпул со голот на Гравенберг во 35.минута. Во самиот финиш на првиот дел домашните останаа со играч помалку откако Гордон со “крвнички“ старт за малку потешко ќе го повредеше Ван Дајк, секако дека доби директен црвен картон.
И кога Екитике во 46.минута зголеми на 0:2, ретко кој помисли дека Њукасл може да се врати, ама четата на Еди Хау се врати и тоа како.
Прво Гимараес во 57.минута намали на 1:2, за да во 88.минута Осула со убав гол израмни на 2:2 за “експлозија“ кај домашните фанови.
Но и тоа не беше доволно за бод, тука беше Рио кој му донесе победа на својот тим.