Маројевиќ и следната сезона во Јанта Волеј, се врати и Серафимова

25
фото: Јанта Волеј (Facebook)

Македонскиот одбојкарски шампион Јанта Волеј ја продолжи соработката со една од своите стандардни првотимки, Бојана Маројевиќ. Примачот на шампионките и следната сезона ќе остане во составот на тимот од Кисела Вода за да им помогне и во домашните и во европските натпреварувања.

Од Јанта Волеј исто така потврдија дека во клубот се враќа и Сара Серафимова, која се врати од САД, каде настапуваше во изминатиот период. Серафимова претходно го носеше дресот на Јанта Волеј, па во новата сеозна ќе биде ново засилување на примачката позиција.

Јанта Волеј оваа есен ќе ја претставува Македонија во Лигата на шампионите на ЦЕВ. Шампионките во првата квалификациска рунда се среќаваат со ЖОК Гацко.

ПретходноЧаби задоволен од играта на Реал: Ова е веќе тим, ќе има минути за сите
СледноЈашар: Башкими оди на три бода на мечот со Тиквеш