Од денеска шампионот е во погон. Имено под водство на стратегот Васко Атанасов, кошаркарите на МЗТ Скопје го одработија првиот тренинг и тоа во целост во во “македонски“ состав.
Тројцата Американци дополнително ќе се приклучат и тоа до крајот на оваа недела. Ова значи дека на почетокот на септември, Атанасов ќе го има комплетниот ростер. Тоа значи дека ќе може да се почне и со одигрување на пријателски средби.
Андреј Магдевски доби дополнителни денови за одмор и тоа поради обврските во репрезентацијата.
Ова се играчите кои беа на првиот тренинг:
Дамјан Стојановски
Војдан Стојановски
Бојан Крстевски
Андреј Маслинко
Андреј Андоноски
Марин Петков
Димитар Зетов
Оливер Двојаковски
Бојан Величковски