Мирче Калајџиески во Е.Пелистер до 2029

20

Откако пред неколку дена беше објавено дека се продолжени договорите со браќата Атанасијевиќ, од таборот на Е.Пелистер денеска информираат дека истото е направено и со Мирче Калајџиески.

Тој ќе биде дел од тимот од Битола минимум до 2029 година, до кога му е важечки сега веќе актуелниот договор.

Средниот бек од Словенија дојде во Битола и веднаш се наметна во една ипол сезона во дресот на Е. Пелистер 2. Од оваа сезона е член на Е. Пелистер и веќе е стандарден член во тимот предводен од Рубен Гарабаја.
Калајџиевски со Е. Пелистер 2 избори промоција во Суперлигата за сезоната 2025/26.
ПретходноСРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: ГОРАН КРСТЕВСКИ ОД ПРИЛЕП Е НОВИОТ МИЛИОНЕР СО ОСВОЕНИ 1.574.742 ДЕНАРИ!
СледноКрстевски и Андоноски и натаму се центри на МЗТ Скопје Аеродром