Емануел Аворнио (24), досегашниот напаѓач на Шкупи, од вечерва е нов член на Башкими. Се разбира дека ова е големо засилување за кумановци, кои фантастично тргнаа во новата сезона, две победи и едно реми. Со Аворнио тренерот Муарем Муарем ќе има уште подобар тим.
Интернационалецот од Гана попладнево беше на стадионот во Куманово каде неговиот нов тим успеа со 3:1 да го победи Тиквеш. Тој имаше можност да ја почувствува атмосферата кога Башкими игра дома, пред своите фанови.