Утре Ц.Звезда на Кипар на гости кај Пафос ќе го одигра мечот на годината. По 1:2 во Белград на првиот меч од плеј-офот во ЛШ, четата на стратегот мораат да победат ако сакаат да играат повторно во лигашката фаза во најквалитетното светско клупско натпреварување.
Раководството на Ц.Звезда ова лето потроши огромни пари за засилувања и се освен играње во ЛШ ќе биде рамно на катастрофа.
Па така со цел дополнително да ги мотивира своите фудбалери пред утрешниот меч на Кипар, првите луѓе на клубот им вети баснословни премии на своите играчи.
За оние играчи кои ќе го изнесат најголемиот товар и го елиминираат Пафос, премијата е 100.000 евра поединечно. Во случај тоа да се оствари без продолеженија и пенали, значи да се победи со два разлика, тие ќе бидат по120.000 евра од играч.