Завршија првите полувремиња од двете последни средби од 3.коло во ПМФЛ.
Во Кавадарци, каде Пелистер го дочекува Шкупи, резултатот е 0:0. Пелистер иако важеше за голем фавоит не успеа да се наметне, да дојде до шанса, до гол. Битолчани можат да бидат среќни и што не губат ако се знае дека Хајвали кога во 33.минута имше зицер.
Во Куманово, домашниот Башкими со 1:0 води против Тиквеш. Стрелец на голот беше Филип Алексовски откако убаво се снајде пред гостинскиот гол. Тиквеш во два наврати ја затресе мрежа, но двата гола беа поништени. Мишов во 45+1. погоди за 1:1, но поради очигледен офсајд истиот беше поништен.