По одличните игри во дресот на Шкендија летово, и изборувањето на европската есен, офанзивецот на тетовци, Решат Рамадани добива повика за А репрезентацијата на Македонија за претстојниот септемвриски прозорец.
Македонија во тој термин го игра пријателскиот дуел во Прага против репрезентацијата на Саудиска Арабија на 4 септември, како и квалификацискиот дуел од Мундијалската кампања против Лихтенштајн на 9 септември во Скопје.
Рамадани во моментов има 22. години во моментов е позајмен фудбалер на Динамо Киев во неговиот матичен клуб.
Селекторот Милевски очигледно дека и тоа како го виде прогресот на формата на Рамадани во изминатиот период, по што се одлучи да го повика за претстојните дуели.