Табела после 3.коло: Само Силекс и Струга ТЛ максимални, само Работнички без постигнат гол!

102

Попладнево со мечевите Пелистер – Шкупи 2:0 и Башкими – Тиквеш 3:1 се заклучи 3.коло во новата сезона во ПМФЛ. Па така сега може и да се види убаво табелата.

А таму само Силекс и Струга ТЛ имаат максимален број на бодови, по девет, значи имаат “три од три“. Следуваат Шкендија, Вардар и Башкими со 7 бодови, со по две победи и по едно реми. Интересно, сите овие три тима тоа реми го имале на свој терен.

Потоа доаѓа Пелистер со две победи и шест бода.

Арсими има два, Работнички кој е единствен тим без постигнат гол, има еден бод како и Тиквеш и Брера. Додека без бодови се Македонија ЃП и Шкупи.

Претстојниот викенд се играат мечевите од 4.коло, за да потоа има двонеделна пауза поради настапите на нашите репрезентации.

ТАБЕЛА

Силекс 9, Струга ТЛ 9, Шкендија 7, Вардар 7, Башкими 7, Пелистер 6, Арсими 2, Тиквеш 1, Работнички 1, Брера 1, Македонија ЃП 0, Шкупи 0.

ПретходноПелистер не блескаше, ама ја впиша и втората победа!
СледноПознати се премиите во Ц.Звезда за пласман во Лигата на Шампионите!