Иако репрезентацијата на Македонија до тој меч има два дуели за играње, оној во Прага против Саудиска Арабија, како и оној во Скопје против Лихтенштајн, сепак, туку што пристигна информацијата за мечот кој што следува во октомври.
Белгиската фудбалска федерација објави дека билетите за мечот од Мундијалските квалификации кои е закажан за 10 октомври во Гент помеѓу Белгија и Македонија ќе може да се гледа за 25 евра. Билетот за возрасни ќе чини толку додека пак, оној за деца до 12 години чини четири евра помалку.
Она што е пак новитет кога станува збор за Фудбалската Федерација на Македонија, е дека преку платформата Етикетс и нашите навивачи уште одсега можат да набават билет за овој меч.