Чаби задоволен од играта на Реал: Ова е веќе тим, ќе има минути за сите

110
фото: Fabrizio Romano (X)

Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, изрази задоволство од играта на тимот во победата од 3-0 над Овиедо. Тренерот нагласи дека успехот дошол благодарение на колективната игра и посветеноста на неговите играчи.

„Овиедо дејствуваше компактно, а во второто полувреме се обидоа да извршат и притисок врз нас. Во тие моменти реагиравме добро – ја одзедовме топката и организиравме опасни контранапади. Беше сериозен натпревар и ми е мило што игравме како вистински тим. Винисиус влезе во игра и придонесе за последните два гола, што ни донесе мир во душата. Ќе има натпревари за сите“, рече Алонсо по натпреварот.

„Имам над 20 играчи и ќе се обидам да го извлечам најдоброто од сите. Винисиус беше клучен денес, но мојата желба е сите да помогнат. По натпреварот со Осасуна видов напредок, а сега направивме уште еден чекор. Секој натпревар е можност за раст и тоа мора да биде нашиот пат“, потенцирал Алонсо.

ПретходноЖФЛ: Љуботен го доби дербито со Каменица Саса
СледноМаројевиќ и следната сезона во Јанта Волеј, се врати и Серафимова