Јашар: Башкими оди на три бода на мечот со Тиквеш

70
фото: KF Bashkimi 1947 / FC Bashkimi 1947 (Facebook)

По победата над Работнички во 2. коло од Прва МФЛ, Башкими се надева дека ќе продолжи со истото темпо и на денешниот меч против Тиквеш. Според голманот Амир Јашар, екипата од Куманово очекува да стигне до нови три бода, пред сè поради големата поддршка од навивачите, иако е свесен дека Тиквеш е тимот кој најмногу се засили во преодниот рок.

„Играме против Тиквеш, екипа која, најискрено, се засили најмногу во овој преоден рок. Квалитетен тим. Ќе биде тежок натпревар и за нас и за нив. Ние ја имаме поддршката од навивачите, но и од градот“, изјави Јашар.

Голманот на Башкими смета дека неговата екипа има јасна цел за оваа сезона.

„Имаме квалитетна екипа и тоа го покажавме на стадионот ‘Тодор Проески’ против Работнички. Очекуваме дека ќе ги освоиме бодовите и ќе атакуваме на првите три места кои водат во Европа“, додаде тој.

Натпреварот Башкими – Тиквеш се игра денеска (25. август) на стадионот во Куманово, со почеток од 17:00 часот.

ПретходноМаројевиќ и следната сезона во Јанта Волеј, се врати и Серафимова
СледноАморим: Од толку што сакаме да победиме забораваме на поседот