Башкими покажува сила, Тиквеш падна во Куманово

126

Тимот на Башкими ја забележа втората победа во третото коло од овогодинешниот ПМФЛ шампионат. Попладнево во Куманово, пред полн стадион, Башкими со 3:1 успеа да го совлада тимот на Тиквеш и на тој начин да го освои седмиот бод сезонава.

Домаќинот имаше повеќе од играта, создаде повеќе шанси и што е најважно повеќе пати погоди во противничката мрежа.

Резултатот го отвори Филип Алексовски во 36. минута од мечот, кога истористи една супер акција на домашните. Мишов постигна гол на асистенција на Ивановски во последните моменти од првиот дел но овој погодок беше поништен поради офсајд.

Само што започна вториот дел, Марко Симоновски искористи исто така една добра ситуација пред голот на Стевковски и во 47. минута погоди за двојно домашно водство.

За момент гостите се вратија во игра кога Александар Мишов во 56. минута погоди за намалување на водството на домашните. Сепак, Башкими денеска беше пресилен и несовладлив.

Филип Алексовски двоен стрелец, откако во 76. минута по акцијата Симоновски од „втора“ што се вели успеа да погоди за 3:1 и да го постави конечниот резултат.

Со овој триумф Башкими има седум бода заедно со Вардар и Шкендија. Тиквеш пак остана на оној еден единствен бод освоен на домашен терен во првото коло и ремито против Работнички.

ПретходноДобра вест за Арсенал: По седум месеци, Габриел Жезус повторно е на тренинг
СледноПелистер не блескаше, ама ја впиша и втората победа!