Шампионките од ЖФК Љуботен славеа со 2:0 на гостувањето во Македонска Каменица во дербитно против Саса во рамките на 2. коло од домашниот шампионат..Четирикратниот шампион славеше со головите на јапонската интернационалка Ајури Тераваки во 30-тата минута, како и на Јулија Живиќ во 77-мата минута.
Дуелот во Македонска Каменица беше „генералка“ за Љуботен пред настапот во втората рунда од квалификациите за место во женската Лига на шампиони. Тетовки заминуваат на квалификацискиот турнир во Белгија.
Во останатите мечеви од ова коло беа постигнати следните резултати: