Пелистер попладнево во Кавадарци, успеа со 2:0 да слави над Шкупи, со тоа освои нови три бода, со тоа дојде до втората победа во третиот меч од новата сезона.
Битолчани не блескаа во меч од 3.коло во новата сезона, се очекуваше подобар Пелистер, ама трите бода се најважни.
Стрелци на головите Ристиќ во 60.минута и Булатовиќ во 86.минута.
На изненадување на сите, Пелистер не тргна од почеток со сите сили во напад, а тоа се очекуваше ако се знае дека битолчани важеа за големи фаворити пред овој меч. Тоа како да го искористија гостите од Скопје и одиграа сосема солидни први 45 минути а преку Хајвали во 33.минута можеа и да поведат, но за среќа на тимот на стратегот Димитар Капинковски се замина на пауза со тие почетни 0:0.
Слаб, слаб Пелистерм, речиси и да видовме ништо од овој тим.
Сепак работите се променија во продолжение од средбата. Сега Пелистер се прашуваше на теренот, не така офанзивно, ама сосема доволно да се креираат акции на половината на Шкупи, а и на голот во таа 60.минута за 1:0 за “домашниот“ состав во Кавадарци.
По една нафрлена топка во шеснаесетникот гостите се спасуваа во два наврати, ама Ристиќ сепак успеа да ја смести во мрежата за водство на Пелистер.
Неколку минути подоцна Булатовиќ за малку ќе го удвоеше водството, но немаше среќа, за малку беше непрецизен.
Затоа Шкупи преку Муарем во 75.минута можеше да израмни, имаше голема шанса, но сепак останаа тие 1:0 за Пелистер.
По таа шанса битолчани не беа веќе така офанзивни, бараа начин да го “трошат“ времето, очигледно задоволни со тоа минимално водство.
Сепак Пелистер знаеше што сака, проработе контрата во 86.минута, кога Булатовиќ доби убава топка од Ристиќ, и не му беше тешко да погоди за 2:0.
Во 89.минута Ристовски имаше двојна шанса за 3:0, но не успеа да го совлада голманот на чаирчани.