УС Опен: Ѓоковиќ сигурен на стартот, изненадувачка елиминација на Медведев

92
фото: US Open Tennis (X)

Најдобриот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ ја заврши својата работа на стартот на последниот Грен Слем, УС Опен за два часа и 25 минути игра. Србинот во три сета го совлада Лернер Тиен со 6:1, 7:6 (7-3), 6:2 и ја оствари својата 75-та победа по ред на почетокот од Грен слем турнирите.

Новак се мачеше во вториот сет кој го доби во тај-брејк, но во остатокот од дуелот покажа дека е подготвен за уште еден добар настап.

Во рамките на следното коло противник на Ѓоковиќ ќе биде 22-годишниот Захари Свајда, кој беше подобар на стартот од Пирос. Ова е втора победа на Свајда на главните турнири од Грен слем турнирите и прва од 2021 година.

Главното изненадување на стартот го приреди Русинот Данил Медведев кој загуби во првото коло од Бенџамин Бонзи – 3:6, 5:7, 7:6(5), 6:0, 4:6. Медведев загуби на стартот на својот трет Грен слем по ред, што му се случи првпат во кариерата.

ПретходноМбапе и Вини за сигурна победа на Реал на гостувањето кај Овиедо
СледноЖФЛ: Љуботен го доби дербито со Каменица Саса