Шкендија вечерва ќе преноќи во Софија, утре продолжува за Разград!

232

Во четврток од 19:30 часот на стадионот во Разград, нашиот шампион му гостува на Лудогорец, во реваншот од плеј – офот во Лигата на Европа. Познато е дека резултатот на првиот меч во Скопје беше 2:1 за Шкендија.

Инаку експедицијата на тетовци, фудбалерите и стручниот штаб, со клупскиот автобус, попладнево тргна за Разград, а Софија ќе биде како меѓу станица.

Вечерва експедицијата на македонскиот шампион ќе преноќи во главниот град нан Бугарија, во еден од тамошните хотели, за да утре се патува за Разград.

Инаку Шкендија во среда во времето на одигрување на мечот, ќе го одржи и официјалниот тренинг на стадионот на Лудогорец.

Јасно е, ако Шкендија го елиминира шампионот на Бугарија ќе игра во лигашката фаза во Лигата на Европа, ако пак биде елиминирана, че игра во лигашката фаза во Лигата на Конференции.

ПретходноДимитријевиќ тргна со Зенит: Се надевам дека ќе имаме добра сезона, сакам повторно да уживам во кошарката!
СледноБилбао со “минималец“ против Рајо за “два од два“ на стартот во Ла Лига!