Адеми во Ујпешт на пет меча добил толку жолти картони колку за последните две сезони во Динамо!

226
ФОТО: FC Ujpest/FB

Некогашниот капитен на Динамо, легендарниот Аријан Адеми, ова лето стана играч на унгарскиот тим Ујпешт. Игра добро во новата средина, важи за еден од најстандарните и тоа со просек од 82 минути по натпревар.
Македонскиот репрезентативец е познат по својата пожртвуваност и борбеност на теренот, но во СуперСпорт ХНЛ не добиваше ни приближно толку многу жолти картпни како во унгарската елитна лига. Аријан во изминатите две сезони во хрватското првенство и Купот, на 71 натпревари, заработи четири жолти картони. Исто колку што во Ујпешт доби на пет средби.

Навистина инттересно.
Адеми има 34 години и 13 титули со Динамо. Освои и пет Купови како и три Суперкупа. За Динамо има повеќе од 400 настапи.

Претходно“Едноставно Винисиус не заслужува да го носи дресот на Реал Мадрид!“
СледноДојде во Реал Мадрид за да седи на клупа!