Алексовски број еден играч на третото ПМФЛ коло

252

Играчот на Башкими, Филил Алексовски е избран за играч на колото од страна на Фудбалската Федерација на Македонија. Офанзивецот на Башкими со два гола беше носител на триумфот на кумановци во дуелот против Тиквеш на домашен терен со што беше остварен вториот триумф сезонава, а освоен седмиот бод.

Од друга страна пак, во тимот на колото, покрај нормално Алексовски, се најдоа и следните фудбалери.

На голот е Исљами од Арсими, како и неговиот соиграч Дарлишта кој што е во последната линија заедно со Фал од Струга ТЛ, односно Ивановски од Башкими.

Покрај Алексовски во средниот ред се Мирчевски од Силекс, и неговиот соиграш Пиреш, а друштво им прави и Булатовиќ од Пелистер. Кампаоре, Симоновски и Мато од Вардар се тројцата напаѓачи.

 

ПретходноНико Ковач ќе биде тренер на Борусија Дортмунд до 2027 година
Следно„Спалдинг“ е новата официјална топка за играње во Суперлигата