ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Муарем Муарем (Башкими)

113
ФОТО: KF Bashkimi/FB

Да се победи Тиквеш во меч на кој на кавадарчани им беше екстремно важен, да се победи со 3:1 и да се одигра одлично, секако дека голем дел од заслугите одат на адреса и на тренерот Муарем Муарем, шефот на струката на Башкими. Да не заборавиме дека тој и неговите избраници освоија седум бода во изминатите три кола, исто колку и Вардар и Шкендија, ете затоа стратегот на кумановскиот прволигаш е и тренер на 3.коло во новата сезона во ПМФЛ.

Оваа победа над Тиквеш е само доказ дека триумфот над Работнички среде Скопје на Арената не е чиста случајност. Од она што го има на располагање, тука мислиме на играчкиот кадар и со Муарем на клупата, се чини дека Башкими воопшто не треба да се грижи околу опстанокот во елитната лига.

ПретходноЧуквуемека е нов играч на Борусија
СледноНемања Матиќ и официјално во Сасуоло