УС Опен: Карлито со триумф на стартот, ама ги шокираше фановите со новиот имиџ!

65
ФОТО: US Open/FB

Познат по својата густа коса, Карлос Алкараз ги шокираше фановите со својот нов имиџ. Сепак ни тоа не му попречи да има има успешен старт на УС Опен и да слави против домашниот тенисер Рајло Опелка со 3:0 во сетови.

За само два часа минати на терен, Карлито успеа во три сата да слави против Американецот, 6:4, 7:5 и 6:4 и со тоа да се пласира во второто коло на последниот гренслем во оваа 2025 година.

На терените на Флешинг Медоу во Њујорк, победи со по 3:0 забележаа и Рубљев против Прижмиќ, Руд против Офнер, додека Диало со 3:1 го победи Џумхур.

Денеска некаде околу 19 часот на терен ќе искочи и Јаник Синер кој за ривал го има Вит Коприва од Чешка.

ПретходноБраво: Евгениј Поп Ацев стана петтиот Македонец кој го препливал Ла Манш!
СледноЕве како изгледа ногата на Ван Дајк по “крвничкиот“ старт на Гордон!(ФОТО)