ФОТО НА КОЛОТО: Кога ќе ти пречи сонцето…

168
ФОТО: FC Pelister Bitola/FB

Пелистер сеуште оваа сезона нема одиграно меч во својата Битола. Прво му гостуваше на Вардар, потоа на Брера а вчера како домаќин играше во Кавадарци и тоа од оправдани причини, теренот на “Петар Милошевски“ се чува за Италија.

Сепак тоа не им попречи на битолчани да слават и против Шкупи со 2:0, па со тоа врза две победипо ред и сега имаат шест бода. Сосема задоволителен биланс за четата на стратегот Димитар Капинковски, на кого на дел од мечот му пречеше и сонцето за да види што навистина неговиот тим игра. А Пелистер во првиот дел беше така-така, но затоа во второто полувреме, кога го снема сонцето во Кавадарци, Пелистер одигра квалитетно и победи со 2:0.

ПретходноНемања Матиќ и официјално во Сасуоло
СледноКуп на Македонија 1/16 финале: Работнички броеше до 16 во Карбинци, Брера елиминирана на стартот