Анри за сагата со Исак: Њукасл не смееше да дозволи работата да дојде до овде

81

Легендарниот француски напаѓач Тиери Анри проговори за желбата на шведскиот голгетер Александар Исак да го напушти Њукасл.

„Мислам дека начинот на кој играше минатата сезона, може да се бори со Халанд. И начинот на кој играше минатата година и начинот на кој играше пред една година, мислам дека е еден од најдобрите, ако не и најдобриот напаѓач во лигата во моментов. Затоа луѓето во Њукасл се вознемирени – тие се на работ да го изгубат веројатно најдобриот напаѓач во лигата. Во ваква ситуација, кога имате играч и тој сака да си замине, луѓето се вознемирени затоа што е добар. Ако играчот не е толку добар и клубот сака да си замине, не гледам никој да плаче за него. Затоа можам да ги разберам навивачите, клубот и играчот. Секогаш се ставаш во кожата на играчот, луѓето можеби нема да разберат кога не се појавуваш на тренинг. Многу, многу е тешко да се разбере. Можеби Њукасл му рекол нешто, тој рекол нешто, Њукасл одговорил… Никогаш нема да знаеме. Се што можам да кажам е дека не можеш да дозволиш да дојде до точка каде што одбиваш да тренираш“, изјави Анри.

ПретходноВетераните на Брегалница и Ц. Звезда ќе играат за јубилејот „100 години ФК Брегалница“
СледноИсториски успех за Пафос, втор кипарски тим кој ќе игра во Лигата на шампионите