Браво: Евгениј Поп Ацев стана петтиот Македонец кој го препливал Ла Манш!

80
ФОТО: Channel Swimming Association Ltd/FB

Голем подвиг на македонскиот пливач Евгениј Поп Ацев и фантастично достигнување. Поп Ацев успеа да го преплива Ла Манш и со тоа стана петтиот Македонец кој успеал да го направи тоа.

Ова беше голем предизвик за Поп Ацев, но успеа да се справи со него и за 9 часа и 43 минути успеа да ја преплива тешката делница која важи за еден од најголемите спортски предизвици воопшто.

Па така Поп Ацев по Нико Нестор, Атина Бојаџи, Томи Стефановски и Игор Димовски е петтиот Македонец кој успеал да го направи тоа.

Инаку тој е трикратен светски првак во маратонско пливање успеа да се впише во историјата на пливањето.

Да се преплива Ла Манш е еден од најголемите предизвици за секој пливач, ете Поп Ацев успеа во тоа.

Браво за македонскиот пливач кој го оствари својот сон.

ПретходноИ Украина пресилна за македонските кадетки!
СледноУС Опен: Карлито со триумф на стартот, ама ги шокираше фановите со новиот имиџ!