На 12 септември во Штип по повод јубилејот „100 години фудбалски клуб Брегалница“ ќе се одигра интересен ревијален фудбалски натпревар меѓу ветераните на фудбалските клубови, Брегалница и белградска Црвена Звезда.
Настанот денеска го потврдија од клубот, кој заедно со градските власти ќе се потрудат да организираат еден фудбалски спектакл за публиката во градот од Исарот. Во следниот период ќе се утврдат и составите на тимовите кои ќе истрчаат на Градскиотстадион во Штип на средина на следниот месец.