И покрај фактот што гледавме фантастичен дуел со пет погодоци синоќа, сепак, денеска речиси никој не го коментира самиот фудбал на дуелот Њукасл – Ливерпул, туку крвничкиот старт и исклучувањето на Ентони Гордон врз Вирџил Ван Дајк.
„Крвничкиот“ старт кој што остави видни лузни на ногата на дефанзивецот на Ливерпул, најпрво беше окарактеризиран со жолт картон, но по ВАР проверката истиот беше преиначен во црвен.
Сепак, денеска Гордон и официјално му се извини на Ван Дајк и на навивачите на Ливерпул.
„Само сакав да се обидам да внесам енергија во играта и погрешно го темпирав стартот. Исто така, сакам да му се извинам на Вирџил. Никогаш немав намера да направам таков старт. Разговаравме по натпреварот и ја разбра мојата намера во целост“ – напиша Гордон на социјалните мрежи.