Барселона има нов план за начинот на кој би требало да ги регистрира фудбалерите кои и натаму се надвор од тимот. Каталонците моментално имаат тројца играчи кои не се регистрирани за сезоната во Ла Лига – Војчех Шчесни, Жерар Мартин и Руни Бардџи.
Според „Марка“, првиот од нив има најголеми шанси да биде регистриран откако Ињаки Пења ќе оди на позајмица во Елче. Шчесни ќе го заземе слободното место на списокот. Ситуацијата со регистрацијата на Мартин и Бардџи зависи од заминувањата на Ориол Ромеу и Хектор Форт, но то аможеби и нема да биде доволно. Раководството на Барселона ги разгледува сите можни сценарија. Главната опција би била да се заврши продажбата на ВИП местата на „Камп Ноу“ за 100 милиони евра. Ова би овозможило веднаш враќање на правилото 1:1, но нема гаранција дека договорот ќе биде одобрен пред крајот на преодниот рок.
Втората опција е продажба на Марк Касадо или Фермин Лопез, кои се на радарот на многу клубови. Заминувањето на еден од нив би можело да обезбеди доволно предуслови за регистрација на играчи, но во моментов ниту еден од нив не сака да го напушти тимот.
Клубот е уверен дека сите играчи ќе бидат регистрирани на еден или друг начин пред да се затвори преодниот рок.