Историски успех за Пафос, втор кипарски тим кој ќе игра во Лигата на шампионите

112
фото: PAFOS FC (Facebook)

Кипарски Пафос е сензационален патник во главната фаза од Лигата на шампионите. Во годината во која кипарскиот тим ја прослави првата историска титула во својата земја, направи уште еден голем исчекор обезбедувајќи место меѓу најдобрите европски клубови во најсилното европско натпреварување.

Вечерва во реванш натпреварот од плеј-офот против белградска Црвена Звезда, кипраните одиграа 1:1 и по победата од 2:1 на првиот меч на гости успеаја да се пласираат во гланата рунда. Црвена Звезда имаше предност од 0:1 со голот на Иваниќ во 60. минута, но на пет минути пред крајот, Јаја погоди за 1:1 и го оствари сонот на домашните фанови.

Во вториот меч вечерва Бодо иако загуби во Австрија од Штурм со 2:1, по убедливите 5:0 пред своја публика оди во главната фаза на ЛШ.

ПретходноАнри за сагата со Исак: Њукасл не смееше да дозволи работата да дојде до овде