Кадилак ги откри пилотите: Перез и Ботас се враќаат во Формула 1

24
фото: 𝐃𝐚𝐧𝐢 𝐌𝐞𝐧𝐝𝐢𝐨𝐥𝐚 (X)

Серхио Перез и Валтери Ботас се враќаат во Формула 1 и тоа како возачи за Кадилак, новиот тим кој ќе започне да се трка во 2026 година.

Американскиот тим објави повеќегодишни договори со возачите и ги реализираше најавите на медиумите дека искусниот двоец ќе седне во болидите на новиот Формула 1 тим.

Перез го напушти шампионатот на крајот од минатата година по четири сезони со Ред Бул, а претходно се тркаше за Заубер, Мекларен и Форс Индија/ Ресинг Поинт.

Ботас возеше за Вилијамс, Мерцедес и Алфа Ромео/Заубер. Откако го изгуби своето место во Ф1 на крајот од 2024 година, Валтери стана резервен возач на Мерцедес.

ПретходноКоментар на 3.коло: Како Вардар, така и Шкендија, а Башкими си “гази“
СледноКамбијасо доби суспензија на два меча, нема да игра на дербито со Интер