Фудбалерот на Јувентус Андреа Камбијасо е суспендиран на два натпревари откако беше исклучен на натпреварот против Парма. Дефанзивецот на Јувентус доби црвен картон во натпреварот од првото коло од Серија А (1:0) за удар во лице на Матијас Левик од Парма.
Камбијасо доби суспензија од два натпревари поради „удирање на противнички играч во лице кога топката не беше во игра“, објави „Кориере дело Спорт“, повикувајќи се на извештај од судијата.
Така, фудбалерот ќе ги пропушти натпреварите на Јувентус со Џенова и Интер во италијанското првенство.