Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, утре на официјална прес конференција која што ќе започне ви 11:00 часот ќе го објави списокот на репрезенативци на кои ќе смета за претстојните мечеви против С.Арабија односно Лихтенштајн.
Првиот, како што е добро познато е од пријателски карактер и ќе се одигра на неутрален терен на 4. септември во Прага.
Од друга страна пак, мечот против Лихтенштајн е дел од квалификациите за следниот Мундијал, и го играме на Националната Арена Тодор Проески во Скопје на 9. септември.