Новак: Би сакал со Јокиќ да одиграм некоја партија тенис, но и кошарка!

37
ФОТО: Novak Djokovic/Instagram

Во пресрет на стартот на ЕП во кошарка, на кое Србија предводена од најдобриот кошаркар на светот, Никола Јокиќ, со поддршка се јави и Новак Ѓоковиќ.

Најдобриот тенисер на сите времиња е во очекување на настап во 2.коло на УС Опен, ама секогаш е расположен да ги бодри кошаркарите, но и сите останати спортисти од неговата земја:

Секако дека ги следам. Пред некој ден им испратив порака со поддршка. Цела Србија е со нив, сите ние очекуваме многу од нашата кошаркарска репрезентација. Тие многу добро знаат што се очекува од нив и затоа притисокот што го имаат врз себе е неверојатен. Што се однесува до Јокиќ можма да кажам дека би сакал со него да одиграм некоја партија тенис, може и во двојки. Се разбира дека сум подготвен да одиграм со него и некоја партија кошарка“ малку во шега порача Новак од Њујорк.

ПретходноДојде во Реал Мадрид за да седи на клупа!
СледноЕве зошто сите сакаат да играат во Реал! (ФОТО)