Синер покажа зошто е бр. 1: Чехот Коприва едвај освои четири сета

17
фото: US Open Tennis (X)

Желен да го остави турнирот во Синсинати зад себе и со цел да ја задржи титулата и статусот на светски рекет број еден, Италијанецот Јан Синер му нанесе тежок пораз на чешкиот дебитант Вит Коприва во денешниот дуел од првата рунда на УС Опен.

28-годишниот Коприва, 89-ти на АТП ранкингот немаше сими за повеќе од 4 освоени гејма во трите сета. Нервозен и се чини импресиониран од противникот, Чехот издржа само еден час и 38 минути во дуелот со Синер, кој на крајот славеше со 6-1, 6-1, 6-2.

Синер најави дека веќе размислува на следниот ривал, но за него ќе мора да почека до дуелот меѓу Австралиецот Алексеј Попирин и Финецот Емил Русувуори.

ПретходноКамбијасо доби суспензија на два меча, нема да игра на дербито со Интер
СледноДали Барселона навистина има план како да ги регистрира Шчесни, Мартин и Бардџи?