Слот за лудилото на “Сент Џејмс Парк“: Не сум сигурен дека ова беше фудбалски натпревар!

69
Фото: Ливерпул Твитер

Секако дека и денеска топ – тема во светот на фудбалот ќе биде се она што синоќа се случуваше на “Сент Џејмс Парк“, каде Ливерпул со гол во 90+10.минута успеа да дојде до победа од 2:3 на гостувањето кај Њукасл.

Меч за уживање на фудбалските фанови. Ливерпул водеше со 0:2, па Њукасл со играч помалку израмни на 2:2, за да 16-годишниот Нгумоа им донесе победа на “Редси“ во десетата минута од судиското продолжение.

Еве по мечот што изјави Арне Слот, стратегот на Ливерпул:

Не сум сигурен дека ова беше фудбалски натпревар. Имаше многу прекини, долги топки, навистина чудно. Тактиките за кои говорев пред мечот не беа важни. Но, ми се допадна како се однесувавме. Беше тешко, но ете издржавме“ посочи Слот.

Тој го искоментира и деби голот на тинејџерот Нгумоа:

Прекрасен гол за 16-годишно момче. За негови години Рио ја заврши акцијата совршено. За негови години Рио беше совршен“.

ПретходноКуп -1/16 финале: Работнички гостува во Карбинци, Охрид ја дочекува Брера!
СледноРегионална ракометна лига – Спортско обединување на регионот! (ФОТО)