Уште едно добро издание на Башкими, уште една победа, втора по ред. По Работнички сега падна и Тиквеш и тоа во Куманово. Најзаслужен за таа победа од 3:1 на кумановци секако дека е офанзивецот Филип Алексовски, и не само поради двата гола, туку и поради маестралиот настап во целост.
Затоа нема дилеми кој е играч на колото во ПМФЛ. Покрај него тука се и Исљами и Дардишта (Арсими), Жарју и Компаоре (Струга ТЛ), Пиреш и Мирчевски (Силекс), Ивановски и Ндзенгуе (Брера) и Ристиќ (Пелистер).
ИГРАЧ НА КОЛОТО
ФИЛИП АЛЕКСОВСКИ
Тим: Башкими
Роден: 25.03.2000 во Скопје
Кариера: Македонија ЃП, Кораб, Беса, Башкими