Како што се наближува крајот на преодниот рок, станува се поинтересно. Јасно е дека во преден план и натаму се Исак, Донарума, Едерсон и уште неколкумина за тоа каде ќе ја продолжат својата кариера.
Сепак од Германија пристигнува интересна вест, а таа е дека досегашниот “крал“, Лукас Васкез се договорил со Баер Леверкузен, се чека само договор околу деталите и секакао промоцијата.
Уште поинтересно. Џејми Варди, иконата на Лестер би можел својата кариера да ја продолжи во Кремонезе, клубот повратник во Серија А и клубот кој на стартот го шокира Милан кога на „Сан Сиро“ среде Милано го победи со 1:2 како гостин.