Полската тенисерка Ига Швјонтек го урна 29 горини стариот рекорд на Моника Селеш, откако денес дојде до својата 65-та последователна победа на старт на некој од турнирите под капата на ВТА.
Селеш, поранешна југословенска тенисерка, оствари 64 последователни победи на отворањата на ВТА турнирите (прво или второ коло), вклучувајќи ги и Грен слем турнирите, сето тоа меѓу 1990 и 1996 година.
Швјонтек ја победи Колумбијката Емилијана Аранго со 6-1, 6-2 во првото коло на Отвореното првенство на САД денеска и успеа да го собори тридеценискиот рекорд.