Шефит Шефити повторно во дресот на Арсими! (ФОТО)

39
ФОТО: KF Arsimi/FB

Шефит Шефити (27) повторно го облече дресот на Арсими и со тоа клубот од Чегране и тоа како доби големо засилување во нападот. Синоќа дебитантот во нашата елитна лига се пофали со своето најново засилување.

Шефити минатата сезона во есенскиот дел беше член на Арсими, за да потоа се пресели во Беса, ама по осум месеци еве го пак во клубот од Чегране.

Шефити некогаш важеше за голем талент на Шкендија. Потоа се пресели во Ренова, дел од својата кариера ја мина и во Приштина, а во 2023 на кусо ја прекина својата кариера.

Во секој случај ова е големо засилување за Арсими.

ПретходноЕве како изгледа ногата на Ван Дајк по “крвничкиот“ старт на Гордон!(ФОТО)
СледноТрансфери: Лукас Васкез пред промоција во Леверкузен, Варди потпишува за Кремонезе!