„Јасмин“ во Кавадарци ќе биде домаќин на ракометниот Суперкуп

64

Салата „Јасмин“ во Кавадарци ќе биде домаќин на натпреварот од Суперкупот на Македонија во ракомет. Мечот со кој традиционално почнува новата ракометна сезона и оваа година ќе донесе дуел меѓу актуелниот шампион Е. Пелистер и екипата на Вардар 1961 како освојувач на националниот куп.

Дуелот е закажан за 3 септември и ќе биде уште едно ново соочување на овие два тима во очекување на почетокот на ракометниот шампионат.

Вардар во досегашната историја на Суперкуп дуелите има четири трофеи, додека битолчани двапати го освојуваа овој пехар.

ПретходноЈани Атанасов избран во „тимот на колото“ во грчката Суперлига
СледноТИМ И ИГРАЧ НА 3.КОЛО: Алексовски маестрален против Тиквеш