Македонскиот кошаркарски стретег, Љупчо Малинков официјално го продолжи договорот со КК Гостивар за уште една година.
По сезона исполнета со континуиран раст, и клубот и тренерот Малинков се согласија да ја продолжат успешната соработка.
Малинков минатата сезона го обезбеди опстанокот на Гостивар во кошаркарската елита, откако успеа во плеј-оф групата да се најде на едно од двете места кои обезбедуваа позиција во елитата и оваа сезона.