„Спалдинг“ е новата официјална топка за играње во Суперлигата

65

Согласно со предвидените планирани активности на федерацијата, во наредната натпреварувачка сезона, 2025/2026, сите натпревари во елитниот ранг на натпреварување кои се во организација на МКФ. ќе се играат со најдобриот производ од светски познатиот спортски бренд „Спалдинг“.

Почнувајќи од 27.август (среда), клубовите учесници во Суперлигата-мажи и во Првата лига-жени, (во период од 9 до 15. часот), ќе можат да ги подигнат кошаркарските топки од компанијата „Спалдинг“ кои ги обезбеди Македонската кошаркарска федерација.

ПретходноАлексовски број еден играч на третото ПМФЛ коло
СледноГордон се извини за стартот над Ван Дајк