Досегашниот член на тимот на Челзи, Карни Чуквуемека, е нов играч на екипата на Борусија Дортмунд. Тој денеска беше промовиран во новиот дрес откако потпиша договор со тимот до 2030 година.
Иако официјалните бројки секако не се објавени, медиумите велат дека се работи за трансфер од 24 милиони фунти.
Тој беше член на Челзи од 2022 година, а многу е важно да се нагласи фактот што тој изминатата полусезона ја мина токму во Борусија на позајмица.
It was always gonna be… BVB. ⚫️🟡🏴 pic.twitter.com/Z051p8TYGy
— Borussia Dortmund (@BlackYellow) August 26, 2025