„Ил Матино“: Лајпциг му дозволи на Елмас да се врати во Наполи

616

Елиф Елмас и Наполи се блиску до договор, објави весникот „Ил Матино“ повикувајќи се на извори во двата клуба. Според информациите објавени утринава, Елмас го отфрли интересот на француски Олимпик Марсеј, па германскиот кјлуб сега има само една отворена опција за затворање на трансферот до крајот на преодниот рок.

Според весникот, се очекува Наполи да го добие Елмас со перманентен договор, по кратката 6-месечна позајмица која Елмас ја имаше во Торино на крајот на минатата сезона. Можно е најпрво оваа година Елмас да ја помине сепак како позајмен играч во Наполи, но италијанскиот клуб ќе има задолжение на крајот на сезоната да го откупи неговиот договор од Лајпциг.

Италијанците веднаш ќе платат 2 милиони евра, а германскиот клуб ќе добие дополнителни 12 милиони евра на крајот на сезоната. Денес се очекува натамошен напредок на преговорите пред да се затвори договорот најдоцна овој викенд.

ПретходноИсак непоколеблив: Не се враќа на тренинг, чека трансфер
СледноФудбалер на Ц. Звезда удрен од обезбедувањето на синоќешниот меч со Пафос